Во Скопје 5.000 нови стана зјаат празни

Bez autora
Jul 15 2013

Повеќе од 5.000 новоизградени стана само во Скопје стојат празни. Во услови на најави за поевтинување на станбениот квадрат, подолго стагнира продажбата, а дел од инвеститорите не успеваат да го продадат изграденото. Намалената побарувачка најмногу се должи на кризата. Ако пред пет години луѓето купуваа станови за да ги издаваат и да прават бизнис, сега се купува само за да се реши животното станбено прашање. Дел од невселените станови, а кои не можат да се продадат, се земени од банките како залог за невратените кредити. Градежниците потврдуваат дека клучна причина за застој на пазарот на недвижности е трендот на пад на цените, кој почна годинава. Но, според дел од нив, становите наместо да поевтинат, треба да поскапат.

Во Скопје 5.000 нови стана зјаат празниПовеќе од 5.000 новоизградени стана само во Скопје стојат празни.

Во услови на најави за поевтинување на станбениот квадрат, подолго стагнира продажбата, а дел од инвеститорите не успеваат да го продадат изграденото. Намалената побарувачка најмногу се должи на кризата. Ако пред пет години луѓето купуваа станови за да ги издаваат и да прават бизнис, сега се купува само за да се реши животното станбено прашање. Дел од невселените станови, а кои не можат да се продадат, се земени од банките како залог за невратените кредити.

Градежниците потврдуваат дека клучна причина за застој на пазарот на недвижности е трендот на пад на цените, кој почна годинава. Но, според дел од нив, становите наместо да поевтинат, треба да поскапат.

Во меѓувреме банките и дел од градежните компании буквално се во трка кој ќе понуди пониска камата за станбените кредити. Банкарите се заинтересирани за станбено кредитирање бидејќи станува збор за помалку ризични пласмани, а градежниците за да ги продадат изградените објекти.

- Евидентно е мало размрдување во последниот период иако генерално уште е воочлив трендот на стагнација на продажбата. Има извесен раст на интересот. Само ова сега не е ништо во споредба со 2008- 2009 година, кога станови се купуваа само за да се издаваат. Имаше поголема побарувачка на станови под кирија, па луѓето од наемнината ги исплаќаа кредитите за станот што го купиле. Тоа сега заврши, ако купува некој, тоа е за да живее и толку - вели Сеад Kочан, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори.

Градежниците се согласуваат дека очекуваното намалување на цената на становите ја стопира продажбата, но велат дека ако треба да ги спуштат цените, ќе бидат принудени да го намалат квалитетот на градежните материјали.

- Цената на материјалите не се намалува, напротив се зголемува, односно има благ пораст. Така цената на становите може да се намалува само ако се вградуваат неквалитетни материјали и со штедење на поскапите како што се железото и цементот. Но, на тој начин би се создале неквалитетни градби - вели Зоран Азманов, сопственик на фирмата „Настел“.

Според него, цените на недвижностите треба да растат на годишно ниво за два-три отсто. Тврди дека ако поевтинуваат становите, тоа ќе им биде на штета на луѓето што веќе купиле станови со задолжување, со хипотекарни кредити.

- Ако цените на недвижностите паѓаат, луѓето ќе почнат да не ги враќаат кредитите бидејќи вредноста на тоа што треба да го вратат ќе биде поголема од вредноста на заложениот имот. Со тоа ќе се наруши целиот банкарски систем. Исто така во ситуација кога паѓаат цените никој не купува оти сите чекаат поголемо поевтинување, па така нема да има и нови градежни инвестиции. Таква негативна спирала би се одразила на сите гранки што ги поддржуваат индустријата и градежништвото - вели Азманов.

И тој и неговите колеги се согласуваат дека не треба да има пирамидално кревање на цените, каков што беше случајот со САД. Бизнисмените сметаат дека државата треба да биде сидро за одржување стабилна цена на недвижностите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik